Маричиќ ја пречека Фон дер Лајен со букет цвеќе

by fokus

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево слета во Скопје од каде ја започнува турнејата низ Западен Балкан. Ја пречека вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

-Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и е во клучен момент за нашиот евроинтегративен процес. Имаме важни прашања кои треба да ги отвориме за реформите и обврските пред завршувањето на скрининг процесот и пред објавата на годишниот Извештај за напредокот за 2023 година.

На утрешниот состанок очекувам корисна и плодна дискусија фокусирана на следните чекори и планови за брз напредок кон полноправно членство во ЕУ, напиша на Фејсбук Маричиќ.

Поврзани новости