683
Министерот за правда Бојан Маричиќ и амбасадорот и шеф на делегацијата нa ЕУ во земјава Дејвид Гир денеска ќе одржат онлајн презентација на проектот „Поддршка на процесот за реформа на правосудството“.
Прес-конференцијата ќе може да се проследи преку платформата zoom.
Воедно, ова е прва конференција на министерот Маричиќ во новата година, од кога лани заедно со претседателот на Судскиот совет Киро Здравев и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, ја презентира Методологијата за филтрација на судиите и јавните обвинители.