Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денес одржа средба со амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клајн.
На средбата унгарската делегација ги презентираше приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување на процесот на европските интеграции во претстојниот период. Унгарија претседава со Советот на Европа од 1 Јули 2024 до крајот на годината.
Маричиќ со заложба дека европеизацијата на државата мора да продолжи со засилен тек ја истакна важноста од носење на важни одлуки за понатамошно реализирање на стратешките цели на Северна Македонија и регионот.
Амбасадорот Клајн се заблагодари за досегашниот успех и постигнатите резултати од процесот на евроинтеграција, скрининг процесот, отпочнувањето на преговорите за државата и комплетната подготовка за реализација на европската агенда на државата.
Европската интеграција е важен стратешки план и приоритет за државата и за сите граѓани во неа, истакна Маричиќ.