Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ја отвори трибината „ЕУ за македонското културно наследство“, на која рече дека ние сме во срцето на Европа и сме неразделив дел од европскиот идентитет, на кој се гордее цела Европа, укажувајќи дека Европската Унија е културна суперсила, а македонската култура учествува и е дел во тој процес со свој придонес.
– Европската Унија ги отфрли концептите за судир на цивилизации и се посвети на изградбата и негувањето на – сојуз на цивилизации. Во еден таков контекст, од витално значење за Северна Македонија е да ги промовираме нашиот македонски културен идентитет, нашето културно наследство и вредности, а Европската Унија е вистинското место за тоа, изјави Маричиќ.
Маричиќ кажа дека благодарение на основните европски вредности за еднаквост и почитување на другиот, Европската Унија ги чува милениумските традиции на сите народи и заедници на континентот и дека потребата за негувањето на културата на мирот најдобро ја има искажано Жан Моне цитирајќи го: „Ние не федерализираме држави, ние ги обединуваме луѓето“.