Сосема реална и достижна цел е во наредните 4 години да ги заклучиме преговорите со ЕУ, вели поранешниот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ во вечерашната Топ Тема на Телма, но под услов да не ги изгубиме наредните 4 години.
-Еве на пример да ги отвориме половина или 80% од поглавјата до 2024. Нашиот план доколку не беше блокадата од ВМРО-ДПМНЕ така ќе беше и ќе се оствареше. Ние во 2022 требаше да ги решиме уставните измени најдоцна 2023година, и сега веќе знаете дека имаше можност уште во декември месец да се отвори целиот прв кластер доколку беа завршени тие обврски, а доколку го отворевме првиот кластер веќе немаше да има пречка бидејќи имаме извештај за вториот и за вториот кластер веднаш да биде отворен кој што веќе дава околу 20-тина поглавја.
Од прилика тоа што е ветено таму, значи тоа не е нереално очекување, но она што не го предвидовме е активната блокада на сопствената држава од ВМРО-ДПМНЕ и ние истото го кажуваме сега дека е возможно до 2028 да ги завршиме преговорите ако ВМРО-ДПМНЕ прекине да ја блокира сопствената држава, посочи Маричиќ.
Тој појасни дека не треба да се преговара само со Бугарија, туку и со Брисел и со ЕУ.
„Ние во Уставот сме ставиле во два наврати две промени во минатото, а една од нив била и услов за нашето членство во ОН, дека нема да се мешаме во внатрешните работи на нашите соседи, тоа пишува во Уставот, тоа не сум го смислил јас, кога е напишано сум имал 15 години.
Вие сега велите дека повторно наместо да преговараме, се што го предлагате наместо да преговараме со Брисел и со ЕУ ние всушност ќе преговараме само со Бугарија. Одложеното дејство е нешто што ние го дискутиравме на почетокот на процесот меѓутоа од сите беше оценето за жал како еден несериозен предлог бидејќи би значело нешто во идно време неопределено без да бидат јасно договорени чекорите до тогаш, а ние секако ќе имаме можност да разговараме бидејќи ова што го кажувате се вклучувајќи и дел од вашата програма е невозможно да се спроведе без отворање на Уставот. И сега сите прашања, реципроцитет, одложено дејство и Стразбур подразбираат крупни и долготрајни преговори со Бугарија кои што во меѓувреме сите наши соседи ќе ги однесат пред вратите на ЕУ,“рече првиот вицепремиер.