Во последниве 24 часа настана забуна околу листите за помилување што Министерството за правда ги испраќа до претседателот Стево Пендаровски, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ.
-Јас би сакал да објаснам дека министерот за правда не дава никаков предлог за помилување во овој случај, ова се специфични помилувања бидејќи се работи за групни помилувања по повод Нова годаина кои се одвиваат секоја година и листите кои се предложени ги прават директорите на затворите. Мислам дека дел од спорните имиња нема ни да се најдат на листите. Значи, предлог листите се од затворите, а не од Министерството за правда. Тие листи поминуваат низ четири филтри, кажа министерот за правда Бојан Маричиќ за Утрински Брифинг.
Агум Нухиу, заменик-миниустерот за правда, излезе со соопштение на Фејсбук во кое тврди дека се оградува од списокот со помилувања на осуденици потпишан од неговиот министер Бојан Маричиќ, а кој треба да биде испратен кај претседателот Стево Пендаровски.
На списокот за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување како предлог до претседателот на државата Министерството за правда има 48 лица. Меѓу имињата се и бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4 годишниот Алмир во Куманово.