Маричиќ: Да не завршиме повторно во чекалната на ЕУ, неопходни се одговорни одлуки од пратениците

by Fokus

На првата годишнина од Меѓувладината конференција со што Северна Македонија ги отвори преговорите со ЕУ, се гордеам со фактот што македонските институции успешно ги спроведуваат билатералните скрининзи преку силна посветеност, како во Скопје така и во Брисел, напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

„На неколку месеци пред завршувањето на скрининг фазата од преговорите ги имаме сите потребни капацитети за отворање на поглавјата и за влез во новите процеси од нашата европска интеграција. За тој чекор неопходни се одговорни одлуки од пратениците изразени низ потребните уставни надополнувања.

Само на тој начин нема повторно да заглавиме во чекалната и во изолации и само на тој начин ќе ја оствариме целта – МК во ЕУ до 2030 година. На истекот на првата година од почетокот на преговорите изразувам благодарност до нашите европски сојузници за целата поддршка која ја добиваме и за тоа што јасно ни порачуваат дека вратата за проширување на ЕУ е ширум отворена, а тоа за македонската иднина е ретка можност која не е за пропуштање“, истакна Маричиќ.

Поврзани новости