389
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска говореше за случајот со секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.
Како што истакна, тој бил активист на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за што, како што вели, се покажуваат сликите и изјавите во јавноста.
„Да не заборавиме дека Пендиков бил активист на ВМРО-ДПМНЕ. Имаме изјави и слики од него, во текот на вашите протести кога навидум ја спасувавте Македонија во 2017 година. Само се спасувавте себеси. Да не испадне дека напаѓачите се членови на ВМРО-ДПМНЕ како и Пендиков. Ние треба да одговориме кој ќе прави инциденти и кој внесува немири. Ние секогаш се спротивставувавме на сите провокации тука“, рече Маричиќ.