Маричиќ: Да не чекаме нов предлог, не е убаво да сме тема на изборите во Бугарија!

by Fokus

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека чекањето нов предлог не ни е во прилог бидејќи и досега сме имале предлози кои биле или за нас целосно прифатливи, а за Бугарија неприфатливи или обратно.

-Мислам дека сега сме на точката каде што имаме компромисно решение, каде што и ние сме задоволни за некои работи, за некои помалку задоволни и Бугарија е да речеме за многу работи можеби незадоволна меѓутоа ја искористивме онаа ситуација една Влада заминува, а Парламентот изгласа некоја позиција, што е во некоја рака добро за нас, рече Маричиќ во денешното радио гостување на „Канал 77“.

На прашањето за македонскиот јазик и идентитет, вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека тоа во меѓународни рамки го имаме го имаме решено со потпишувањето на Договорот од Преспа, врз негова основа е впишано во нашата лична карта во Обединетите Нации.

-Кој што сака може да каже, но тоа што имаме е прифатена и усвоена од Бугарија преговарачка рамка, со заштитен македонски јазик и идентитет. Навистина ќе биде штета да пропадне шанса и прилика која не знаеме дали по неколку месеци или по неколку години ќе ја добиеме пак. Не е добро за нас да бидеме повторно тема на изборите во Бугарија,  да се отвора простор за дискусија за нашата европска иднина и да собираат поени на македонското прашање кога имаме чиста ситуација во нашиот македонски јазик, прв пат во историјата на нашите односи со Бугарија, изјави вицепремиерот Маричиќ.

Поврзани новости