Маричиќ: Да го искористиме моментот, се е во наши раце!

by Фокус

Првпат во историјата на нашата евроинтеграција приближувањето кон ЕУ е само во наши раце и од нас зависи дали до крајот на идната година ќе ја исполниме нашата обврска со процесот на уставни измени или ќе го блокираме нашиот интегративен процес, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Првпат е во наши раце дали ќе застанеме или ќе продолжиме. Мислам дека имаме доволно аргументи, имаме добра атмосфера, доволно простор, во наредниот период да седнеме на маса и да разговараме со сите партии, со сите пратеници, кои би можеле да поддржат уставни промени, кои во својата содржина се многу помалку спорни, од оние, да речеме, со Преспанскиот договор. Тогаш имавме суштински измени коишто беа навистина тешки за објаснување и за прифаќање и за имплементација. Сега имаме, по мене, еден симболичен гест на вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во една редица на заедници кои веќе ги имаме повеќе од 20 години – изјави Маричиќ во „Студио 10“.

Според него, може да се најде решение.

-Ги почнавме преговорите, го потпишавме Фронтекс, добивме финансиска помош за енергетската криза и ќе следува и друг пакет на инвестиции и помош во наредниот период. Затоа навистина мислам дека треба таа подадена рака да се прифати, и тоа заради нас, не заради никој друг – рече Маричиќ.

Поврзани новости