Маричиќ чека позитивен сигнал од Франција

by Фокус

Се надевам дека претседавањето на Франција ќе ја промени динамиката во приближувањето на Западен Балкан, тргнувајќи од нашиот пример, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

-Тоа ќе биде одличен сигнал за нас, но и за целиот регион, како и за враќање на довербата и кредибилитетот на ЕУ, рече Маричиќ.

Тој истакна дека земјава со години наназад е во процесот, а особено, како што посочува, во последните пет години покажа искрен и отворен пристап во спроведувањето на реформите во клучните области.

-Реализиравме и една од нашите стратегиски цели, станавме членка на НАТО. Сега е крајно време да ги почнеме и пристапните преговори со ЕУ – порача Маричиќ.

Според него, секое одолговлекување на почетокот на преговорите ќе ги демотивира и државите во регионот кои имаат отворени билатерални прашања.

Пендаровски: Речиси 17 години чекаме за ЕУ и се приближуваме до рекордот на Турција

Поврзани новости