588
Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во „Студио 10“, ја коментираше екстрадицијата и притоа напомена дека нашата земја има основа да побара од Унгарија екстрадиција на екс-премиерот, Никола Груевски.
-За него има основа да го бараме. Од Будимпешта добиваме информација дека не планираат да го екстрадираат сега за сега затоа што има политички азил од унгарската влада, кажа министерот за правда.