107
„Господинот Талат Џафери има знаење и искуство да ја води техничката влада и затоа ќе ја добие нашата поддршка без дилема. Во едни тешки собраниски услови, при активна блокада на опозицијата тој се бореше и се избори да имаме колку што е можно функционален парламент“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија.
Тој додаде дека доколку опозицијата реши да не учествува во техничката влада, тоа е избегнување на законска обврска.
„Имено ние од 2015 наваму имаме Пржинска влада и таа влада е гаранција дека ќе имаме фер и демократски избори и претставува законска обврска. Бегство од одговорност на опозицијата е страв од пораз на изборите“, заклучи Маричиќ.