Маричиќ апелира: Не смееме да ја пропуштиме шансата за ЕУ!

by Fokus

Борбата против организираниот криминал и корупцијата и напредокот на патот кон Европската Унија се два меѓусебно зависни процеси кои го забрзуваат процесот на интеграција. Не можеме да очекуваме дека ќе имаме застој во борбата против корупцијата, а дека ќе одиме на патот кон ЕУ и обратно, ако сме добри и имаме добри резултати во овој дел секако дека ќе имаме и напредок и добри оценки од страна на ЕУ.

Ова денеска го истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на прес-конференција пред заедничкиот состанок со институциите кои имаат надлежност за справување со корупцијата, на кој ќе се разгледаат забелешките од Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија подготвен од Европската комисија.

– Пред нас е голем предизвик за успешно да ги затвориме преговорите со ЕУ и шанса која не смееме да ја пропуштиме. Корупцијата треба да ја гледаме како точка на обединување на секој граѓанин, на сите институции со пристап кој ќе биде инклузивен во нејзиното искоренување, нагласи Маричиќ.

Поврзани новости