Маричиќ: Ако веќе се прави референдум, прашањето треба да биде дали сте за членство во ЕУ

by Fokus

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ смета дека прашањето за референдум е сериозно и жали што ВМРО-ДПМНЕ на таков начин го отвори.

-Не е тоа соочување на власта со опозицијата, туку зошто би биле ставени граѓаните во таква ситуација? Нјаголемата опозициска партија немаше храброст, а имаше можност, да гласа против Договорот со Бугарија, како со францускиот предлог, туку ја напуштија собраниската сала. Дополнителен аргумент зошто ова е политичка игра е фактот што со години во програмата на ВМРО-ДПМНЕ беше ставено со години дека било кое решение со Грција треба да се најде на референдум. И кога дојде моментот за тоа, партијата го бојкотираше, рече Маричиќ во емисијата „Топ тема“.

Според него, доколку ВМРО-ДПМНЕ беше против Договорот со Бугарија и францускиот предлог, ќе гласаа против.

-Зошто се чекаше 5 години? Зошто е тогаш референдумот, со каква цел? Ако им е ставот против, зошто тогаш се прави референдум? По мое мислење, ако се прави референдум, тогаш треба да биде со поинакво прашање – не дали сте за поништување на Договорот со Бугарија, туку дали сте за членство во ЕУ? Условите се поставени, преговарачката рамка е усвоена. Никој не може да ни го оспори идентитетот, без наша волја и желба, а кај нас нема никаква волја за бришење на такво нешто, порача Маричиќ.

 

Поврзани новости