Сега е вистински момент Европа да го направи потребниот чекор за зачувување на вредностите кои се темел на Унијата, и да донесе политичка одлука во однос на проширувањето, порача заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на регионалниот настан во Париз во рамки на иницијативата „Балкански дијалози“ во организација на францускиот Сенат.
-Војната во Украина е последен повик за Европската Унија и нејзината политика за проширување со земјите од регионот, а за тоа е потребно силно лидерство и политичка одлука, која нема да се бирократизира, рече вицепремиерот на регионалната иницијатива, чиj домаќин е францускиот Сенат.
Како што соопшти СЕП, вицепремиерот пред присутните истакна дека оваа година е клучна за дефинирањето на политиката за проширување, од која регионот очекува придвижување на процесот на евроинтеграции и потврдување на неговата европска иднина.
– Ако Унијата не одговори на овој повик и Северна Македонија и Албанија не добијат датум за почеток на преговорите, тогаш цел Западен Балкан се остава на страна, без јасна перспектива и со можност за други надворешни влијанија, посочи Маричиќ