Маричиќ: 33 години СДСМ, 33 години со јасен став и со посветеност за државата да оди напред

by Fokus

По повод 33от роденден на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник од ИЕ1 Бојан Маричиќ, упати честитка со пораки за досегашните успеси и насоченоста на СДСМ кон напредок на државата, кон градење на европски вредности.

„33 години одговорно, трезвено и одлучно, наспроти сите опструкции и препреки. 33 години со јасен став и со посветеност за државата да оди напред. Ги слушаме и ги разбираме граѓаните, постапуваме и ќе продолжиме да чекориме кон економска сигурност и подобар животен стандард. Заедно градиме општество на солидарност со грижа за секого. Така го личи СДСМ,“ порачува Маричиќ во видео честитката.

Тој истакнува дека СДСМ е горда на сите демократски исчекори кои ги направи Македонија изминативе години.

„Историјата запиша, Македонците ќе паметат: СДСМ ги заштити македонскиот јазик, култура и идентитет. Со визионерство и државничка гордост го обезбедивме членството во НАТО. Најдоцна до 2030 години ќе станеме членка на ЕУ.СДСМ никогаш не се откажува. Нема откажување од европската иднина. Среќен роденден СДСМ,“ стои во честитката на Маричиќ.

Поврзани новости