Работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот денеска одржа констититутивна седница.
Членовите едногласно ги избраа претседателот и заменик претседателот на работната група.
„За претседател на работната група избрана е Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а за заменик претседател Бајрам Положани ,поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право. Предлагач на уставните измени е Владата која го задолжи Министерството за правда да формира работната група . Работната група ќе има за задача да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија. По изготвувањето предлогот ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието“ стои во соопштението од Правда.
Работната група има 23 членови од кои 10 се од редот на експертите, 10 се предлози на политички партии и 3 членови се од институции, Кабинет на претседател на РСМ,МНР и СЕП.