Фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека италијанскиот стручњак Енцо Мареска ќе биде нов тренер на Челси.
Според Романо, останува да се види дали Мареска ќе добие двегодишен или тригодишен договор и колкава отштета треба да плати Челси на неговиот клуб Лестер.
🔵🇮🇹 Understand Chelsea and Enzo Maresca are set to agree on contract terms.
Two year deal with option for further season or three year deal, this is final detail being clarified.
Maresca already said yes to Chelsea project, up to the clubs now to agree on compensation. pic.twitter.com/YXR5b2xj71
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 27, 2024
Мареска го предводеше Лестер Сити до првото место во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал, оваа сезона, враќајќи го клубот од предградијата на Лондон во првата лига, откако минатата година поранешниот шампион на Премиерлигата испадна од лигата.
Италијанецот е поранешен играч кој како играч од средниот ред имаше богата интернационална кариера во различни европски лиги, а за Италија настапуваше во помладите репрезентативни категории.
Како тренер, кариерата ја започна како тренер на младинскиот тим на Манчестер Сити, а извесен период беше и во стручниот штаб на Пеп Гвардиола во сениорскиот тим.
Кратко време помина и како тренер на Парма, пред да го преземе Лестер.
Претходен менаџер на Челси беше аргентинскиот стратег Маурисио Покетино, кој доби отказ од сините од Лондон по завршувањето на сезоната во Премиершип, каде Челси заврши на шестото место.