Мареј за Ѓоковиќ: Одмори се додека не почнал Вимблдон!

by Fokus

Тенискиот свет се уште се восхитува на феноменалниот подвиг на Новак Ѓоковиќ.

Освојувањето на рекордната 23. Гренд слем титула во финалето на Ролан Гарос му ја честиташе големиот ривал Енди Мареј, со кого со години водеше големи битки.

Додека Србинот ја пишуваше историјата на белиот спорт во Париз, Шкотланѓанецот беше далеку од големата сцена, настапи на челинџер турнирот на трева во Суброн (Англија) и на таа подлога ја освои првата титула од 2016 година.

– Големи честитки за Новак, ова е неверојатно достигнување. Не велам дека работите што ги прави се лесни, но прави да изгледаат многу полесно, нешто што навистина е – вели Мареј кој има само пофални зборови за Србинот.

Секој следен слем е можност за зголемување на рекордот, а Мареј му порача на Новак да не „попушта гас“.

– Заслужи успех. Кога ме победи во финалето на Ролан Гарос во 2016 година и го комплетираше слемот во кариерата, изгуби малку мотивација после тоа. Добро би било да се одмори малку од рекетот во следните неколку недели додека не започне Вимблдон – го советува Енди.

 

Поврзани новости