Мареј по поразот од Циципас на Вимболдон нема голема мотивација пак да игра

by Fokus

Британскиот тенисер Енди Мареј вчера, точно десет години откако го освои Вимблдон, не се знае дали го одигра својот последен меч на неофицијалното тениско светско првенство. Мареј по  борба во пет сета беше поразен од грчкиот тенисерСтефано Циципас, а мечот кој се играше два дена траеше четири часа и 40 минути.

Неколку часа по уште еден обесхрабрувачки пораз во второто коло на Вимблдон, дури и 36-годишникот не беше сигурен дали повторно ќе игра.

На почетокот на 10-годишнината од првата титула на Мареј во Ол Ингланд Клубот, кога тој стави крај на 77-годишното чекање на Британија за шампион во сингл за мажи, имаше надеж дека повторно ќе може да се бори за титулата.

Надежта беше дека тој може да ја заврши незаборавната победа над грчкиот петти носител Стефанос Циципас и да ја заработи својата најзначајна победа на Грен слем откако имаше операција на колкот за спасување на кариера во 2019 година.

Но поранешниот светски рекет број еден се запраша дали вреди да се повтори целиот напор, болка и пожртвуваност од обидот да се оди длабоко на Вимблдон.

Запрашан дали е сигурен дека ќе се врати следната година, Мареј рече:

„Не знам. Мотивацијата очигледно е голема работа. Постојано да има рани загуби на турнири како овој не помага многу во тоа“, рече Мареј.

 

 

Поврзани новости