Маратонско изборно собрание на ЗНМ

by Fokus

Повеќе од три часа трае гласањето за претседател и за нови членови на управните тела на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Околу половина од редовните членови на Здружениeто, , од 10 до 11 часот изутринава се пријавија да учествуваат на изборното собрание. Тие сè уште гласаат, по азбучен ред.

Од 10 до 11 часот изутринава се пријавија да учествуваат на изборното собрание. Тие сè уште гласаат, по азбучен ред.

Во трката за претседател на ЗНМ се новинарите Младен Чадиковски, Фиљана Кока и Марјан Николовски, a се избира и нов, десетчлен Управен одбор и по пет нови члена за Надзорниот одбор и Советот на честа.

Изборите на ЗНМ се одржуваат во хотелот „Александар палас“ во Скопје, во Конгресна сала 1.

Покрај гласачките кутии и параваните, поставена е и кутија за донации за новинарот Саше Димовски, на кого пред извесен период му беше ампутирана ногата.
ЗНМ е здружение на околу 1 000 професионални новинари, сниматели и фоторепортери. Основано е 1946 година.

Поврзани новости