Руската агресија буквално се одвива на територијата на целата држава Украина. Се бомбардираат главно воени цели за да се уништи одбранбената моќ на земјата и за да се отсече командата на воените сили.
Нападот се одвива со сите воени средства – бомбардери, хеликоптери, лансери на ракети … за да се отвори простор за копнена инвазија. Луѓето во Харкив кој е исто така погоден од гранати, се молат на градскиот плоштад, а жителите на Киев се повикани да се засолнат во метроата .
Нападот практично се одвива од неколку страни – од Русија, од Белорусија, од Донбас, од Крим, а според некои информации и од отцепениот руски дел од Молдавија. Рускиот претседател Владимир Путин, хо најави потегот што не го видело човештвото од Втората светска војна и се закани за тие што ќе помислат да се бранат со последици какви што не виделе досега.