МАНУ подготвува тестови со кои ќе се утврдува дали е некој заразен со корона или има грип

by Frosina Fakova

Македонската академија на науките каде се прават и тестови за новиот Ковид-19 подготвува тестови со кои ќе се утврдува дали пациент е заразен со корона или со сезонски грип, најави академик Александар Димовски во интервју за ТВ 24.

Тој вели дека вакви тестови најверојатно ќе има и комерцијални и со овие тестови со оглед на сличните симптоми ќе се детектира дали некој е носител на Ковид 19 или на инфлуенца.

Негова примарна дисциплина е генетиката и она што науката до сега го знае во однос на новиот вирус е дека тој може да биде фатален за пациенти кои имаат хронични, срцеви, белодробни заболувања, дијабетес, гојазност, но и за повозрасните пациенти чиј имунитет е послаб.

Кај младите лица вели дека овој вирус поминува со лесни симптоми или без симптоми, но истакнува дека се уште нема цврсти научни сознанија зошто умираат млади и здрави лица од овој вирус.

Има некои сознанија дека фаталните последици зависат и од генетиката на одреден пациент, но односно дека генетската кониституција може да придонесе болеста да се движи во несакан правец. Сепак порачува дека за овие тврдења има се уште малку сознанија и ќе треба време да се докажат.

Поврзани новости