74
Заменик министерката за здравство Маја Манолева се сретна со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија.
На средбата, како што соопштија од Министерството за здравство, било дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Манолева побарала од нив да дадат предлог за именување на медицински директор.
Претставниците од Клиниката за токсикологија ја информираа заменичката дека во најбрзо време ќе се состанат и ќе достават предлог до Министерството за здравство.