Манојлоски: Се откажувам од кривично гонење на полицајците кои ме претресуваа

by fokus

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски, соопшти дека се откажува од кривично гонење на полициските службеници кои го сопреле во понеделникот на кружниот тек во Ѓорче Петров и кои му го претресувале возилото.

Од МВР веднаш потоа информираа дека се работело за процедура која била извршена над повеќе возачи затоа што дента беше ограбена банка во Сарај. Од таму соопштија дека полициските службеници не го препознале Манојлоски.

Пратеникот, пак, вели дека МВР мора да работи на целосна професионализација на своите припадници.

„Овој случај го затворив преку медијација и се откажувам од понатамошното гонење кон припадниците на МВР кои беа дел од овој настан, го прифатив нивното извинување за немилиот настан, но и со совети и препораки вакви настани да не се повторуваат“, пишува Манојлоски.

Поврзани новости