Маневски за Фокус: Јас и сопругата одиме во „Систина“, не криеме дека сме пријатели со Камчеви

by fokus

Поранешниот министер за правда и сегашен советник во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Михајло Маневски чие име вчера беше споменато во сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова во случајот „Рекет“, тврди дека не се точни тврдењата дека тој и неговата сопруга ги пречекале истражителите на Специјалното јавно обвинителство кога се вршел претрес во „Орка“ во рамки на истрагата за случајот „Империја“, каде главен осомничен е бизнисменот Орце Камчев.

Сепак Маневски не демантира дека биле таму бидејќи често со неговата сопруга се лекувале во приватната болница „Систина“ чии простории биле споени со „Орка“.

-Лиле Стефанова кажува дека сме ги пречекале таму. Тоа апсолутно не е точно, тоа е голема лага. Ако вршеле претрес во шест саатот кај орце камчев а потоа отишле во систина, она тврди дека сме ги пречекале , Тоа е страшна невистина таа се служи со клевети и подметнувања и тоа може да се очекува од еден таков обвинител која го опљачка народот со 7000 евра за доверливост. Тоа е стварно мизерно. Јас одам во „Систина“ затоа што и јас и сопругата таму се лекуваме во „Систина офталмологија“, одиме на контроли, на одредени потребни интервенции. Ние не го негираме тоа дека со Камчеви сме пријатели 40 години и со покојниот Илија Камчев и со Орце Камчев. Ние не го негираме тоа, но тоа не значи дека ние сме пречекале таму истражители, дека сме биле информирани претходно и дека сме чекале. Тие ги возат мачињата со коли, па ние зошто сме оделе на интервенции“, изјави Маневски.

Стефанова вчера сведочеше дек во „Орка“, во канцеларијата на Ненад Јосифовиќ била исчистена, а таму биле Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости