Мане го продолжи договорот со Ливерпул

by fokus

Сенегалецот Садио Мане останува во Ливерпул најмалку до 2023 година, соопшти клубот од „Енфилд“. Мане го продолжи договорот со „црвените“ и со тоа се отфрлени шпекулациите дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

– Ја донесов најдобрата одлука во мојата кариера. Се наоѓам во вистински клуб со вистински тренер. Уште кога ја добив првата шанса да дојдам во Ливерпул, не размислував многу, изјави Мане.

Тој заедно со Салах и Фирмињо се ударното напаѓачко трио на Ливерпул.

Досега во сезоната Мане има постигнато шест погодоци.

Поврзани новости