Јасна Мандиќ, која сѐ уште се води како официјален директор на веќе згасната 1ТВ, реагира дека не стои зад објавите кои се појавуваат на официјалната фејсбук страница на телевизијата. Имено, вчера осамна објава во која се посочува дека наскоро ќе бидат објавени лицата кои стојат зад тивката ликвидација на Бојан Јовановски. Објава со слична содржина осамна и минатата недела.
– Би сакала да нагласам дека зад овие објави не стојам јас, ниту било кој друг од луѓето што останавме во телевизијата. Фејсбук домејнот на 1ТВ е во сопственост на таткото на Бојан, Миле Јовановски, а логото на телевизијата е заштитено во Заводот за индустриска сопственост под името на Бојан Јовановски. Не би сакала луѓето да се идентификуваат со нас малкумина што останавме во телевизијата со тие објави. Навистина не знам кој ги пишува – вели Јасна Мандиќ во изјава за „Слободен печат“.