Министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на неделава Владата ќе излезе со информација за сите вработувања од новата администрација, како и со податоци колку илјадници незаконски вработувања се случиле во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во текот на оваа недела, многу побрзо од предвидениот рок ќе доставиме детална информација за сите вработувања. Ќе се види дека се создава фама околу нешто што апсолутно е во согласност со закон и не постои никакво гломазно вработување“, изјави денес Дамјан Манчевски.
Владата ќе излезе и со информација за илјадници, како што вели Манчевски, незаконски вработување во периодот од распишувањето на парламентарните избори, па сè до формирањето на новата Влада.