Медиумските реформи и сите останати реформи во Македонија се предмет на заложништво заради лични интереси на поединци со партиска позадина и заради барање за амнестија, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој денеска во собранието присуствуваше на Комисијата за транспорт врски и екологија, каде се разгледуваа амандманите за законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
-Сите реформи во Македонија, вклучувајќи ги и медиумските, се предмет на заложништво заради лични интереси на поединци со партиска позадина и заради барање за амнестија – рече тој.
Според Манчевски, кој е дел од работните групи за законите што вчера беа тема на лидерската средба и за ДИК, рече дека имало и генерално барање за амнестија, но одби да изнесе детали.