Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната прес конференција истакна дека во функција е национален систем за управување со документи.
-Станува збор за унифициран систем, смарт систем, за подобрување на работата на државните институции. Со него се овозможува документите да се добиваат во електронска форма, да работат по нив, а потоа и резултатите од работата да бидат во електронска форма, рече министерот Манчевски.
Тој додаде дека целиот работен процес може да се одвива електронски, а веќе 20 институции го користат новиот модел, а во наредниот период ќе продолжи приклучувањето. Манчевски додаде дека овој начин на работа освен што ќе го олесни работењето, ќе ја намали корупцијата, а на крајот ќе се види и кој колку сработил.