Највисокиот процент од Бруто домашниот производ доаѓа од секторот за информатички и комуникациски технологии и токму овој податок, треба да ни е уште една од силните причини повеќе да вложуваме во дигитализацијата”, потенцираше министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на трибина посветена на дигитализацијата.
Манчевски, како што стои во соопштението од СДСМ, ги истакна придобивките од дигитализацијата за што рече дека значително го подобрува квалитетот на животот на сите граѓани, ги носи институциите и услугите до граѓаните и придонесува кон борбата со корупцијата.
Оцени дека дигитализацијата ќе овозможи сите лични документи, граѓаните да ги имаат на своите телефони со што веќе нема да има потреба долго чекање пред шалтерите.
-Време е личната карта и здравствената книшка да заминат во историјата, рече Манчевски и додаде дека со нова технологија ќе се стигне до целосна идентификација од мобилен.
Манчевски најави и развој на 300 нови електронски услуги, како и изградба на национална оптичка мрежа. Граѓаните ќе имаат на услуга ултра брз интернет било каде да живеат, по достапни цени. “Смарт сити платформа за сите градови”, рече Манчевски