Се подготвуваме за нова лидерска средба, за тоа кога ќе се одржат изборите. Ова денеска го истакна министерот за информатичко општество и администрација, Димитар Манчевски во емисијата „Детектор“ на Сител телевизија.
„Кога и да се одржат, имепративот е да се одржат на начин на кој ќе се заштити здравјето на граѓаните. Ќе мора да се одржуваат под посебни протоколи и под посебни услови. Изборите најдобро е да се случат со консензус. Очекувам да се случат лидерски средби и сигурно до крајот на вонредната состојба уште една лидерска средба и тоа ќе значи дека ќе успееме да се договориме. Ако не се продолжи вонредната состојба законот е јасен, роковите продолжуваат да течат. Мислам дека немаме многу време за премногу разговори и договори. Не треба многу да се губи време за да се разговара околу датум. Кога и да се одвиваат изборите, повторно ќе е тука пандемијата, ќе го имаме вирусот“, кажа Манчевски