Апликацијата „Стоп Kорона“ од денеска е достапна на сите мобилни телефони и дава брз одговор со кој заразениот бил во контакт во претходниот период, истакна министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски.
Според него, апликацијата многу ќе им помогне и на здравствените работници.
„Апликацијата помага да се заштитиме, покажува дека сме солидарни и дека ни е важно здравјето. Апелирам до сите граѓани што помасовно да ја симнат апликацијата. При изработката најважно ни беше таа да ги заштити и приватноста и личните податоци. Не користи име и презиме, локации. Функционира на кодови. Единствен податок што го бара апликацијата е мобилниот број на корисникот. Оваа апликација функционира на доброволна база. Кога ќе добие резултати дека е некој е позитивен може да ги прати податоците до министерството за здравство. Пред активирањето на блутутот, ќе мора да се активира и џи пи ес. Локацијата никаде не се бележи и никој не можа да ја знае – истакна Манчевски.
Министерот објасни на кој начин можат да се регистрираат сите корисници.
„Се регистрирате преку вашиот мобилен број, го ставате кодот кој ви стига на телефонот, а блутот се вклучува секогаш кога сте надвор од дома. Податоци до министерството за здравство испраќате само ако сте позитивни. Активирајте „Стоп Корона“ и помогнете да го победиме вирусот – додаде Манчевски.