Манчевски: Откако завршија со Села тргнаа по нас да не ловат со јамка

by fokus

За поголемиот дел од обвинетите, министерот Дамјан Манчевски, денеска во судницата во Кривичниот суд рече дека ги видел во собраниската сала дента на 27-ми април. Меѓу обвинетите кои ги препозна се Александар Јаневски Тоста, Никола Воиновски, Кире Ѓоргиевски.

-Еден не го гледам во судница, а беше облечен во дрес и беше во непосредна близина на Села. Не можам да кажам дали го нападнал Села, но можам да кажам дека беше еден од најагресивните – рече Манчевски.

Тој додаде дека откако се тргнале од Села, напаѓачите се упатиле кон останатите пратеници.

-Направија јамка и се обидуваа да не уловат и да не извлечат од толпата. Тие ја прославија смртта на Села и најверојатно сакаа во иста насока да продолжат и со нас  -рече Манчевски.

Манчевски истакна дека не се сеќава кој од обвинетите што му направил на Села, но, како што рече, добро се сеќава што му направиле нему.

-Кирил Ѓоргиевски, Никола Воиновски и Цео Ѓоргиевски лично ми се закануваа и ме удираа – истакна Манчевски.

В.В.

Поврзани новости