661
Нема да има отпуштања во јавната администрација, а со предвидените анализи ќе се утврди каде треба да се спроведе преструктурирања, односно реорганизација, за подоцна ако има потреба и нудење на дел од вработените на приватниот сектор, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
– Отпуштања нема да има, но преку разни начини на реорганзација ќе се обидеме да ја направиме администрацијата поефикасна. Една од главните делови на реформата на јавната администрација во 21 век е дигитализацијата која исто така ќе биде дел од овој проект – рече Манчевски.