674
Министерството за информатичко општество најавува измените на корпусот закони поврзани со администрацијата, објави телевизија Алсат М. Со нив се очекува да се отстрани таканаречениот балансер кој ја одредува правичната и соодветната застапеност, за што постојат низа докази дека е предмет на злоупотреба. Последниот случај беше оној со Билјана Зефиќ, која се претставила како Албанка за да добие место во Управата за извршување санкции.
Комисијата за проценка нема да има проширени надлежности, но кандидатите во текот на интервјуто ќе имаат подетален распит, отстранувајќи ја можноста да се злоупотреби законскиот простор за декларирање со друг етникум, со цел да се добие работното место.
Случаи како Билјана Зефиќ има многу. Овој феномен на лажно декларирање на етничката припадност министерството и Агенцијата за администрација нема да ги истражуваат, бидејќи за ваква манипулација тие немаат законска можност да реагираат.