Манчевски: Македонија повеќе не може да си го дозволи ДПМНЕ

by Fokus

„Македонија повеќе не може да си го дозволи ДПМНЕ! Мора да дојде до промена на власта за да стотици илјади наши сограѓани не ја напуштат државата. Мора да дојде до промена на власта за луѓето да можат да живеат во Македонија. Денеска сме овде симболично да му покажеме на Никола Груевски што мислат граѓаните за неговите листи на пратеници, истакна Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

– Денес завршија лагите дека ДПМНЕ ги научил грешките и дека мисли да се промени. Со овие носители нема да убедат никого дека по катастрофалните 10 години власт сега нешто ќе сменат. Со лиситите и со нивниот слоган „Почнуваме“ всушност си се потсмеваат самите на себе. Многу е јасно дека завршуваат. Џабе им е пратеничкиот имунитет. Злоделата којшто слушнавме дека ги правеле за нив следи многу подолга затворска казна отколку тоа што го покрива пратеничкиот имунитет – тврди Манчевски.

Поврзани новости