579
Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, денеска не сакаше коментира за тајноста на преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и рече дека за тоа треба да коментираат двете партии кои преговараат.
-Ние го чекаме мандатот за составување на влада. Она што и претходно го кажавме, навистина, сметаме дека во Македонија е време за спроведување на еден сосема нов концепт за подобар живот за граѓаните. Не се работи само за платформа на албанските партии, и ние имаме наша платформа која, кога ќе дојде време ќе ја презентираме и на јавноста и на потенцијалните коалициски партнери, изјави Манчевски.
Тој рече дека нивната платформа во дел е компатибилна со албанската, но во дел не. За тоа, додаде Манчевски, ќе се изјаснат на време.