Манчестер Сити повторно стана шампион на Англија, Клоп се збогува од Ливерпул

by Фокус

Заврши една од најуспешните епохи во историјата на Ливерпул, ерата на Јирген Клоп, кој на свој карактеристичен начин го најави следниот тренер – Арне Слот.

Натпреварот заврши со победа на Ливерпул против Волвс, победа на домашните во последниот меч на Јирген Клоп на клупата, а потоа германскиот стручњак го зеде микрофонот и ги изненади навивачите.

Клоп им се обрати на навивачите, а потоа му запеа на Арне Слот, следниот тренер на Ливерпул и на тој начин му покажа поддршка.

Емотивната разделба на Ливерпул од легендарникот Клоп ги остави навивачите на Енфилд долго после завршувањето на последниот натпревар на германецот на чело на Ливерпул. Публиката и играчите со солзи го испратија Клоп.

Истиот ден, Манчестер Сити ја завери новата тутула како шампион на Англија во сезоната 2023/24. Во натпреварот од последното коло, „Граѓаните“ на домашен терен го победија Вест Хем (3:1). Двоен стрелец беше Фил Фоден.

Инаку, Сити заврши на првото место во Премиер лигата со 91 бод пред Арсенал кој собра 89. Тимот на Пеп Гвардиола ја освои шампионската титула четврти пат во низа. Покрај тоа, ова е шеста титула за Гвардиола во Премиер лигата.

Поврзани новости