Манчестер Јунајтед отпушта уште најмалку 150 вработени

by Fokus

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед лани отпушти 250 вработени, а сега отпушта најмалку 150, а можеби и уште 200 луѓе, како дел од трансформацијата и финансиската консолидација, соопштија денеска од Олд Трафорд.

Во соопштението се вели дека Манчестер Јунајтед мора да ја трансформира својата корпоративна структура како дел од низата дополнителни мерки за подобрување на финансиската исплатливост на клубот и зголемување на оперативната ефикасност.

Се нагласува дека планот за трансформација има за цел да го врати клубот во профитабилност по пет последователни години загуби од 2019 година.

– Ова ќе создаде поцврста финансиска платформа од која клубот ќе може да инвестира во успехот на машкиот и женскиот фудбал и подобрена инфраструктура. Како дел од овие мерки, клубот предвидува да се укинат околу 150-200 работни места, со консултација со вработените. Ова ќе биде ново намалување на бројот на вработени покрај 250-те отпуштени минатата година – се вели во клупското соопштение.

Покрај сериозните финансиски проблеми, клубот со години има и резултатска криза.

Последната, 20-та титула на шампионот на Англија ја освои во 2013 година.

Поврзани новости