МАН ја поздравува реакцијата на МВР за случаите со двете новинарки, очекува разрешница за сите случаи

by fokus

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ја поздравува брзата реакција на Министерството за внатрешни работи за разрешница на последните закани до новинари.

– Министерот Чулев вети дека ќе се грижи за безбедноста и сигурноста на новинарите и медиумските работници и затоа МАН ја поздравува брзата разрешница на заканите кон новинарките Искра Коровешовска и Мери Јордановска. Ваквиот чекор ја зголемува безбедноста при извршување на новинарската професија, а истовремено придонесува да се зголеми уверувањето дека сите мора да ги почитуваат законите и Уставот.

Истовремено, потсетуваме дека постојат десетици нерешени случаи на насилство, закани и напади кон новинари и медиумски работници со цел да им се ограничи слободата на изразување, кои очекуваме во следниот период да бидат разрешени.

Поврзани новости