413
Малта веќе не може да гарантира спасување на мигрантите или да им дозволи да бидат пренесени на нивна територија за време на вонредната состојба предизвикана од коронавирусот, соопшти Владата на Малта.
Одлуката е донесена затоа што ресурсите на островот се користат за спроведување мерки за стопирање на ширењето на коронавирусот, како и заради ризикот самите мигранти да го носат вирусот.
Најавата доаѓа еден ден откако Италија ги затвори своите пристаништа и наведе дека тие веќе не се безбедни поради пандемијата.