Малта прва во ЕУ легализираше канабис за рекреативна употреба

by fokus

Малта ќе стане првата земја во ЕУ што ќе дозволи употреба, купување и одгледување на канабис за рекреативна употреба по денешното гласање во Парламентот на земјата.

Според новиот закон, возрасните корисници на канабис можат да носат до седум грама канабис, да одгледуваат до четири растенија дома или да купуваат мали количини од здруженија формирани за трговија со канабис.

Здруженијата за канабис ќе мора да работат како непрофитни организации и ќе им биде забрането да ги рекламираат своите производи или услуги.

На лицата со претходни пресуди за кривични дела поврзани со поседување канабис ќе им биде избришано криминалното досие.

Парламентот на Малта го одобри законот и покрај тоа што пратениците од опозицијата гласаа против. Сега се очекува одобрениот закон да биде потпишан од претседателот на Малта во рок од неколку дена.

Владата на Малта тврди дека реформата е мерка за намалување на штети која ќе го задуши црниот пазар за канабис и ќе стави крај на криминализацијата на корисниците.

Поврзани новости