Малта му ја прекина функцијата почесен конзул на Анѓушев

by Fokus

Министерството за надворешни работи на Малта му ја прекина функцијата почесен конзул на таа земја во Македонија, на бизнисменот и поранешен вицепремиер, Кочо Анѓушев, откако беше обелоденето дека е ставен на најновата американска црна листа, објави „Times of Malta“.

Анѓушев беше на чело на конзулатот на Малта во Скопје од октомври 2021 година по одобрение од владата на Малта.

„Со оглед на ваквите случувања, Министерството го прекинува неговото назначување со непосреден ефект и внимателно ги следи најновите случувања“, изјавил портпаролот на малтешкото министерство.

Според соопштението објавено во вторникот од страна на американскиот Стејт Департмент, Анѓушев нема право на влез во САД откако, како што велат, ја злоупотребил својата службена положба додека бил вицепремиер во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нашите владини институции и јавни процеси.

 

 

 

Поврзани новости