Малолетниците кои силуваа дете и го снимале со мобилен телефон имале 10 и 13 година, додека детето кое било жртва имало само осум години, објави Телма.
Видео снимката ја пракале на познаници, а случајот го пријавила мајката на силуваното дете во полициската станица Бит пазар.
-Преземени се соодветни мерки и активности и веднаш во полициската станица извршен е службен разговор со малолетниците, но и со родителите затоа што станува збор за малолетници кои се под 14 години. Случајот е документиран и поднесен е соодветен поднесок до обвинителство. Отсега случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи, рекле од МВР.
Од ОЈО Скопје изјавиле дека се известени за случајот, но бидејќи станува збор за деца помлади од 14 против нив не може да биде поведена постапка за кривична одговорност и за случајот ќе постапува Центарот за социјални работи.