Малолетници во бессознание биле пренесени во болница откако пиеле алкохол во дискотека

by Fokus

Полицијата го истражува случајот со момче и девојче, двајцата малолетници од Гостивар кои биле донесени во Ургентниот ценар во Гостивар во бесознание откако консумирале алкохол во дискотека во градот.

Како што информираат од МВР, двата случаи се пријавени во полицијата во различен период. Имено, најпрво е пријавено хоспитализирањето на девојчето, а подоцна во текот на ноќта, или раните утрински часови и хоспитализирањето на момчето.

– Денеска (26.01.) во 00.55 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена малолетничка од Гостивар. Според пријавеното, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава – се нагласува во пријавата за онесвестената малолетничка.

Слични податоци се однесуваат и на малолетното момче, само се разликува терминот на пријава.

– Денеска (26.01.) во 04.35 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното, тој претходно консумирал алкохол во дискотека во Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава – се нагласува во билтенот.

Засега не се откриваат подетални податоци, ниту дали биле заедно, ниту дали ја посетиле истата дискотека, ниту нивната сегашна состојба.

Поврзани новости