Малолетници уценувале 13-годишно девојче со нејзини компромитирачки фотографии

by fokus

Кривична пријава добија двајца малолетници од Кавадарци, поради „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, велат од МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против двајца 16-годишници од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и ,,уцена“. Во периодот од август 2018 до февруари 2019 пријавените, на нелегален начин одзеле фотографии од 13-годишно девојче. После тоа, пријавените, со закана дека ќе објават компромитирачки фотографии го принудиле девојчето да им даде пари“, додаваат оттаму.

Поврзани новости