Малолетници украле 60 лаптопи од основно училиште, крадците фатени а компјутерите вратени

by fokus

Двајца малолетници заработија кривична пријава поради учество во тешка кражба во основното училиште „Наим Фрашери“ во село Студеничани, каде украле 60 мини преносни компјутери. Против 16-годишниот Е.Ф. од Студеничани, 17-годишниот В.А. од Скопје и 22-годишниот Ј.Ш. од Студеничани се поднесени кривични пријави.

Според полицијата пријавените во текот на месец октомври 2017 година во основното училиште го отвориле прозорецот и влегле во една од училниците, по што одзеле 60 мини преносни компјутери и 20 продолжни кабли и го напуштиле местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 550.000.00 денари.

Од МВР додаваат дека компјутерите се вратени во основното училиште „Наим Фрашери“.

Поврзани новости